Travel Program Archives - HealtyMe

Travel Program

Lifetime access

11

Тренинзи од Елена Бубало

Високо

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Travel Program

8 тренинзи со времетрање до 30 минути.
видеа за истегнување, загревање

Програма наменета за веќе активни и физички подготвени, мажи и жени кои често патуваат.
Доколку сакате да останете физички активни и додека сте на пат, да не барате теретана и посебни услови за вежбање а и да немате оправдувања, оваа програма е идеална за вас.
Кратки, ефикасни тренинзи, кои не бараат голем простор ни реквизити, а при тоа ќе ве оддржат во форма додека сте на патување.
Програмата може да се вежба и дома, поточно доколку си активен вежбач добро е да ја имаш, за во случај да пропуштиш тренинг во сала или теретана, да имаш опција да се извежбаш и во домашни услови.
Ви ветуваме дека ќе уживате во тренинзите и ќе си ги повторувате.

01

Загревање Postnatal

Пред секој тренинг задолжително направете правилно загревање со овие неколку едноставни вежби. Погрижете се да не го прескокнувате овој важен сегмент од вежбањето!

02

Прогресивен систем

Овие два засебно одвоени делови ќе го опфатат целото тело и ќе ги предизвикаат дури и најспремните од вас. Во првиот дел ќе се послужиме со прогресивно зголемување на повторувањата од дадените вежби додека пак вториот е со главна цел да се заврши за што е можно пократко време.

03

Табата

Супер познатиот Табата протокол со 20 секунди работа проследени со 10 секунди пауза со повторени 8 серии е тој што ќе ни помогне да овој тренинг го направиме супер забавен и во исто време супер тежок.

04

Двоен 4 минутен интервал

Две комбинации секоја со траење од 4 минути е системот кој во овој тренинг ќе ве доведе до супер адаптација на целото тело. Високо интензивни вежби во комбинација со издршки ќе ве поведе низ ова возење како на луда железница. Не се штедете воопшто. Од старт почнете агресивно и само издржете до крај.

05

4 х 6 минути

Четири интервали, секој по неколку минути кои ќе ги тестираат и оние најјаките од вас. Систем без пауза и секоја кобинација од две вежби меѓусебно одвоени да може иако изгледа тешко да се продолжи. Овде опцијата е оставена да секој идивидуално одреди колку ќе трае интервалот за да добие супер тренинг и забава во едно.

06

Burpee тренинг

Тренинг интервали со една минута пауза помеѓу каде главна улога ќе му дадеме на фамозното "Burpee". Одличен високо интензивен тренинг кој ќе го опфати цело тело со висока компонента на кардио.

07

15 минути кружно

Кружен тренинг од 15 минути кој ќе ве предизвика по секој основ. Склекот како основа на горниот дел, чучнувањето како основа на долниот дел и асиметричната компонента на активација на јадрото во овој тренинг ќе ви даде одлично чувство на извежбаност. Обезбедете си простор на под, добро загрејте се и дајте добро темпо.

08

Издршка на позиции од штица

Тренинг на генерално статични позиции на активација на јадро проследени со прекини од наведнување, чучнување, буткање и лазење. Генерално опција за не толку висок кардио момент но супер употреба на целокупната мускулатура од јадрото. Потрудете се да позициите на издршка ги изведувате со максимално внимание и контракција за да го добиете комплетниот ефект.

09

Секоја минута промена

Тренинг со промена на систем од вежби на секоја минута кој ќе ве предизвика на секое поле од вашиот фитнес. Ваков тип на тренинг може да се адаптира со помош на темпото и изведувањето на вежбите за да во овие 20 минути добиете супер тренинг каде и да сте. Опрема не ви е потребна туку само вашето тело и основните механики на движење на истото. Уживајте во ефектот.

10

Истегнување vol. 1

Овие вежби се наменети за истегнување по завршување на секој тренинг. Погрижете се да не го прескокнувате овој важен сегмент од вежбањето!

11

Истегнување vol. 2

Овие вежби се наменети за истегнување по завршување на секој тренинг. Погрижете се да не го прескокнувате овој важен сегмент од вежбањето!

насоки за вежбање

За оние кои често патуваат (можеби си една од нив) или за деновите кога сме на одмор, викенд, службено патување и сакаме да останеме во форма

Програма е составена од 8 тренинзи со времетрање до 30 минути за кои нема потреба од никаква дополнителна опрема.

Слободно повторете програма, направени се да може да го направите тоа и да имате придобивка и резултат.

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе