Нашата цел е да го подобриме психофизичко здравје и да направиме вежбањето да ви биде стил на живот достапно онлајн од било каде и било кое време во денот, целосно адаптирано на вашата животна динамика.
11
Тренинзи од Елена Бубало
Ниско
ниво на интензитет
50
здрави рецепти
2,980+
заедница на discrod
За сите што сте веќе дел од платформата, многу е лесно, ова е идеално продолжување на Vol 2 програмата.
За останатите ако се решавате прв пат да земете програма од нашата платформа тогаш е најважно да не сте почетници (задолжително почнувате редоследно од Vol. 1).
Програмата се состои од 11 видеа од кои 2 се истегнување и загревање.
Динамични и предизвикувачки, до толку што ќе сакате што побрзо да одите на следниот час и без проблем ќе ја повторите програмата. Можам да кажам дека се интензивни но затоа направив да имате 2 опции, снимена е полесната опција 1, а во опис имате и опција 2 (истата и усно ја објаснувам).
За тие што се дел од било кои мои тренинзи знаат дека во ни еден момент не вежбаме исто темпо, тоа е најважното правило. Јас вежбам за време на тренингот за да ве мотивирам за да објаснувам вежби и за да бутнам таму каде е најтешко да се чувствувате дека сте во сала со мене, но сепак секој еден тренинг е направен така да секој вежба според своите можности и својата физичка подготвеност, но секој мора да даде свој максимум за да има ефект самиот тренинг.
Тренинзите се снимени на две преубави локациии, кои беа дел од нашиот фамилијарен одмор, тоа дополнително ќе ве мотивира и ќе уживате во глетката.
Тренинзите треба да се прават редоследно од 1-9 за да се запазат мускулни групи и целта на целата програма и пробајте да вежбате преку еден ден.
Програма одлична за летниот период за да ве држи будни дека треба да сте постојано активни и да ве подготви за она што доаѓа од Септемрви на нашата платформа. А за тоа што ќе постигнете, не зависи само од програмата, зависи и од вашата посветеност, дисциплина и исхрана. Доколку ги имате тие три работи, не може да не почнете да чувствувате разлика во вашето тело од изглед и тонзиирани мускули па се до поголема самодоверба, енергија и психофизичко здравје.
Го вежбаме цело тело, најголем акцент има на долниот дел (нозе и задник), па затоа е добро да имате и поголема тежина при изведување на вежбите за тие мускулни групи, додека вежбите за горниот дел од телото ги правиме со помала килажа (сетоа ова детално го објаснувам во самите видеа).
Загревање – Summer Boost
Истегнување – Summer Boost
01. Seven out of seven
Првиот тренинг од овој летен серијал ќе го започнеме со акцент на долниот дел на телото и јадро. Кратки серии со 7 повторувања од вежба повторени во неколку круга ќе ве држат ангажирани низ целиот тренинг. Редоследно така поставени вежби да може и кога сте заморени да продолжите да вежбате и ви дава дополнителна мотивација да издржите до крај. На вас останува дали ќе одберете 5 или 7 серии и да ужувате во тренингот.
02. 21-15-9 save the numbers
Преку играта со бројки од 21-15-9 во овој тренинг рацете и целиот горен дел на телото ќе добијат одличен стимул. Идејата овде е да останете ангажирани и присутни постојано низ тренингот како би ја исполниле зададената задача од повторувања на вежбите и едноставно нема ни да приметите кога поминал тренингот. За сите оние кои со завршувањето на 9-ката ќе сметаат дека имаат уште енергија ве предизвикуваме да се вратите назад на 15 и 21. Ве очекува одлична забава.
03. Hips and core
Овој тренинг сме фини и решивме да испланираме и одмор во истиот. Но внимавајте, не се опуштајте, делот со пауза едноставно е само начин да почнеме поангажирано веднаш по истиот. Ваквиот начин на изведување на вежбите ни помага да го качиме интензитетот на навистина високо ниво од самиот старт на тренигот и да го држиме таму колку е можно подолго. Колковите и јадрото по ова ќе ви бидат навистина благодарни.
04. Legs and core
Трите засебни делови, одвоени со една минута одмор, овде планирани се наменети да преку едноставен пар на вежби во секој дел ги таргетираат нозете и јадрото подеднакво. Паровите на вежби меѓусебно се надополнуваат така да доколку се потрудите доволно скоро и да нема да треба да правите пауза. За сите Вас кои сте сериозни околку вежбањето слободно продолжете ги рундите на 10 минути, Ве чека супер предизвик.
05. Full body blast
Секогаш кога ќе дојде тренинг со големи повторувања стапува на сцена менталниот склоп а не само физичкиот. Да истраете преку 50 повторувања од било која вежба само по себе е предизвик па затоа спремете за одлично "возење". Поставете го часовникот на време кое би сакале да се предизвикате и дајте се од себе. Ќе се изненадите на што се е спремно вашето тело кога вољата е правилно насочна.
06. Tabata o’clock
Да да, тука сме, време е за Табата. Како да направиме тренинг систем и да не Ви го дадеме задоволството од овој супер динамичен интервал. Подгответе го целото тело за уживање и во исто време голем предизвик. Запаметете, клучот овде е да сте подготвени и решителни да почнете на време. Само така ќе го почуствувате правиот ефект на овие интервали. Адаптацијата која ја сакаме најчесто е надвор од нашата зона на комоција па затоа неплашете се, дајте се од себе ќе се изненадите на што се сте способни.
07. Strong back
Фокусот на овој тренинг е мускулатурата од задниот дел на телото и по завршувањето на истиот ќе Ви биде кристално јасно зошто е тоа така. Дадете посебно внимание на изведбата на вежбите при нивната демонстрација за да се осигурате дека добро ги изведувате за да ја добиете правата вредност од овој склоп на вежби.
08. Full body attack
Уште еден тренинг за цело тело кој од Вас ќе бара однапред да го оберете времетраењето на истиот и потоа да видите дали доволно се познавате себе. Сетот од еднорачни тегови ќе Ви прават друштво и помогнат да му дадете убава димензија. Вториот дел е посветен на чисто кардио елементи кои ќе ги потрошат и последните атоми на енергија кои ви останеле и по завршувањето ќе Ве остават задоволни и исполнети со признание на добро завршена работа.
09. 3 minute rush
Еве уште еден начин како да Ве мотивираме дополнително. Секој пат кога ни е зададена временска рамка за одредена работа се добива нова димензија на тренингот. Самиот момент дека часовникот отчукува и не не чека ни наметнува темпо кое не секогаш ни е комотно. Со тоа и добиваме супер интезивен тренинг кој никого нема да остави рамнодушен. 3 минути се навидум малку но немојте да потценувате. Пробајте па ќе муабетиме потоа.
Приклучи се бесплатно и пробај.