Месечна Претплата - HealtyMe

ПРЕТПЛАТИ СЕ ЗА 1199ДЕН

И Добиј Ја Целата Содржина

Нашата цел е да го подобриме психофизичко здравје и да направиме вежбањето да ви биде стил на живот, достапно онлајн од било каде и било кое време во денот, целосно адаптирано на твојата животна динамика.

3,500+

активни членови

250+

видео тренинзи

150+

идеи за здрави оброци

450+

членови на Discord заедницата

ЗАПОЧНИ ГО ТВОЕТО

Фитнес Патување

Со твојата претплата ги добиваш следните програми и тренинг системи:

  • Postnatal (8 Тренинзи) – скоро породени мајки или жени/девојки кои немаат воопшто вежбано претходно, или правеле поголема пауза.
  • Total Body Workout Vol.1 (12 Тренинзи) – за почетници кои сакаат да постигнат супер резултати преку полесни тренинзи и послаба динамика
  • Total Body Workout Vol.2 (12 Тренинзи) – за понапредни и редовни вежбачи
  • Basic Male Vol 1 (12 Тренинзи) – програма за мажи почетници создадена за поставување на основа за тренирање
  • Travel Program (8 Тренизни) – за оние кои често патуваат или за деновите кога сме на одмор, викенд, службено патување и сакаме да останеме во форма
  • Yoga smooth (10 Тренизни) – за мирен ум и тело, и основи на правилно дишење
  • Mobility Flow (5 Тренинзи) – програма за подобрување на флексибилноста и отпорноста на телото
  • Видеа за истегнување и загревање
Доколку си комплетно нова на платформата и сакаш да започнеш да вежбаш, идеално за започнување е моделот на претплата (месечна репетитивна автоматска наплата, која можеш да ја прекинеш кога ти ќе посакаш), со која отклучуваш целата содржина која се надополнува со нови тренинзи секоја недела. Во делот на здрава исхрана и планирање на оброците добиваш многу идеи за оброци со пресметана калориска вредност и нутриенти, кои се надополнуваат со нови секој месец. Најголемата Discord заедница за поддршка и мотивација е вклучена во претплатата каде се одржуваат и предавања за исхрана и здрави навики, сето ова достапно додека твојата претплата е активна.

СЕ ГЛЕДАМЕ НА ТРЕНИНГ

Елена Бубало

ДАЛИ Е МЕСЕЧНАТА ПРЕТПЛАТА ЗА ТЕБЕ?

За да се претплатите треба да поседувате валидна дебитна или кредитна картичка (Master Card & Visa) со која можете за вршите онлајн плакање. За да платите и да бидете дел од платформата мора да се регистрирате со вашиот емаил (кориснички профил) и да креирате лозинка. Плаќањето е целосно безбедно и се спроведува во неколку брзи чекори. Доколку плакањето е успешно вие ќе добиете инстант потврда од нашиот системза успешно плаќње и ќе бидете директно пренасочени на вашиот кориснички профил. Со моделот на месечна претплата добивате неограничен пристап до целосната содржина на платформата Healty.Me вклучувајќи ги сите веќе постоечки тренинзи и идеи за оброк, како и сите нови кои се додаваат секоја недела, достапни во секое време додека е вашата претплата активна. Добивате јасни насоки каде да почнете и редовна контрола и менторирање во процесот, пристап до најголемата Discord заедница за поддршка и споделување искустава, покана до предавања за исхрана и паметно тренирање со ексклузивна покана само за членовите на платформата и Q&A сесии лично со Елена Бубало.

Месечната претплата чини 1199 денари и е систем на автоматска наплата што подразбира автоматско повлекување на средства од вашата платежна картичка секој месец на денот на уплата (доколку сте уплатиле на 10ти во месецот првиот пат, секој месец на овој датум системот автоматски ќе ви наплатаи претплата за новиот месец) Системот на автоматска наплата ќе продлжи да ви повлекува пари од вашата платежна картичка се додека вашата претплата е активна и вие не ја откажете со притискање на копчето ОТКАЖИ ПРЕТПЛАТА кое може да се најде во делот МОЈ ПРОФИЛ.

Со месечната претплата од 1199 денари (наплата се врши секој месец автоматски) добиваш пристап до целата содржина на платформата, сите програми 120+ тренинзи, сите идеи за оброк 120+, дискорд заедница и предавања за исхрана и Live Q&A сесии, сето ова достапно додека е твојата претплата активна. Вежбаш според конкретно одреден пат персонално за тебе, според твоите можности и динамика, со детален опис од каде да почнеш и ја следиш програмата која има прогрес од тренинг во тренинг.

Претплатата може да ја откажете едноставно и брзо со клик на едно копче кое се наоѓа во менито МОЈ ПРОФИЛ (кое се отвара штом се најавите) по што вие ќе имате достапност до сета содржина на платформата до денот на вашата следна уплата кога и официјално ќе ви се органичи достапноста и вашиот профил нема да биде активен, се до следна уплата и активација.

Секоја недела на платформата се додаваат два нови тренинга и рецепти кои се веднаш достапни на корисникот и на тој начин се зголемува базата на тренинзи и рецепти еднаш неделно. Ова не значи дека некои од тренинзите се отстрануваат од платформата, сите тренинзи од самиот почеток на работење на платформата како и сите идеи за оброк се достапни за корисниците во системот на месечна претплата се додека е нивната претплата активна.

На почеток на твојот кориснички профил ги добиваш програмите: • Postnatal (8 Тренинзи) – за тазе породени мајки или жени/девојки кои немаат воопшто вежбано претходно, или правеле поголема пауза. • Total Body Workout Vol.1 (12 Тренинзи) – идеална за почетници кои сакаат да постигнат супер резултати преку полесни тренинзи и послаба динамика • Total Body Workout Vol.2 (12 Тренинзи) – програма наменета за по напредни и редовни вежбачи која ги максимизира резултатите. • Basic Male Vol 1 (12 Тренинзи) – програма наменета за мажи која е создадена за поставување на основа за подинамични фитнес тренинзи и програми • Travel Program (8 Тренизни) – за оние кои често патуваат или за деновите кога сме на одмор, викенд, службено патување и сакаме да останете во форма. • Yoga smooth (10 Тренизни) – програм кој ќе ти помогне да го смириме умот и телото, да ги поврземе меѓу себе и ќе те научи како правилно да дишеш • Mobility Flow (5 Тренинзи) – подобрување на флексибилноста и отпорноста на телото е фокусот на оваа програма која е снимена на прекрасна локација во природа • Видеа за истегнување и загревање Како да се одлучиш од која програма да започнеш и по кој редослед да ги следиш тренинзите: 1. ТАЗЕ МАЈКИ Почнувате од пoстнатал програмата која е наменета за почнување веднаш после породување, поточно после првиот гинеколошки преглед. Тоа не се тренинзи кои ќе ве измачат и препотат, туку вежби и тренинзи кои полека ќе го враќаат телото во функција. Вежби со кои ќе се намалат болките во грбот (кои потекнуваат од лош сон, доење и држење на бебето), ќе ја зацврстат мускулатурата и ќе ви дадат повеќе енергија во денот. Тренинзите се кратки и доволни за тој период. Безбедни се и содржат вежби кои помагаат во затворање на абдоминалните мускули, се работат со мали килажи кои ќе помогнат во тонизирање на мускулите. Да се запази редоследот на трензините како што се набројани, може да вежбате и до 5 пати неделно колку што вие имате време. Штом го почувствувате телото појако, тогаш преминувате на Total Body Workout Vol 1. 2.ПОЧЕТНИЦИ (мажи и жени) Доколку сте почетник, многу е важно да се изведуваат вежбите правилно и да се научат основните движења. Затоа почнувате од програмата Total Body Workout Vol. 1. Тренинзите ги правите по ред од Тренинг 1 до Тренинг 12, вежбате минимум 3 до 5 пати неделно. Интензитетот и темпото мора да бидат ваши, јас вежбам со вас за време на тренингот, но тоа не значи дека треба да вежбате со мое темпо. Треба да се вежба внимателно и да се слушаат убаво сите објаснувања и заменски вежби. Понудена е и опција за дополнителни заменски вежби, кои ги доставуваме до секој од вас поединечно зависно од потребите. Тренинзите ќе ви го променат вашиот животен стил, вежбањето ќе ви стане дел од секојдневието. Тренинзите се за целото тело, затоа што кога почнуваме да вежбаме важно е да го инволвираме секој мускул и полека телото да го носиме во една активна функционална состојба. Во зависност од тоа како се чувствувате по последниот тренинг, може да се вратите уште еднаш да ја поминете целата програма со покачување на килажата или да преминете на Total Body Workout Vol.2 3. АКТИВНИ ВЕЖБАЧИ (мажи и жени) Доколку сте активни вежбачи но сакате да ги смените тренинзите и да почнете да вежбате со мене, тогаш започнувате со Total Body Workout Vol. 2 . На број 12 тренинзи, со среден интензитет кој може да се прилагоди индивидуално. Вежби и тренинзи за целото тело, но со поголем фокус на нозе и задник. Тренинзите треба да се прават по ред почнувајќи од Тренинг 1, се вежба од 4-5 пати неделно. Имате достапни две опции во оваа програма, едната односно Опција 1 е пократка, Опција 2 е подолга за 10 минути и за некои вежби има потешка варијанта. Активните вежбачи можат во својата неделна рутина да ја вметнат и Travel програмата, и тоа по еден тренинг секоја недела, тоа се интензивни body weight тренизни кои ќе ви дојдат многу убаво за промена и секогаш кога ви недостасува тренинг. Секоја недела следуваат нови 2 тренинга кои се продолжение на Vol 2 програмата. Затоа запазете го редот на програмите и тренинзи. Поточно редоследот да биде: 1. Postnatal 2. Тotal Body Workout Vol 1 3. Тotal Body Workout Vol 2 4. Travel Program Слободно повторете програма, направени се да може да го направите тоа и да имате придобивка и резултат. Јогата и тренинзите за мобилност вметнете ги еднаш до 2 пати неделно во зависност од вашите можности, многу се важни за да бидете подобри во соодветната програма која што ја вежбате.

Започни 7 дневен free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе